Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати и 85 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (1.837), регистрирани се 246 реинфекции.
Од 24 починати седум се од Скопје (61г, 67г, 67г, 72г, 82г, 83г и 83г), четири од Куманово (69г, 75г, 80г и 90г), три од Струмица (66г, 71г и 78г), по две од Охрид ( 48г и 69г ) и Кочани (78г и 82г) и по едно починато лице од Прилеп (66г), Битола (81г), Велес (73г), Штип (69г), Свети Николе (72г) и Пробиштип (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Од 85 оздравени пациенти од Берово се 26, Скопје – 22, Кочани – 13, Пехчево – 12, Тетово – 6, Битола, Струмица, Кичево, Гевгелија, Кратово и Крушево – по1.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, нема пријавени починати лица.
Од вкупниот број на починати лица (n=24), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.779.972 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 266.937, бројот на оздравени пациенти е 239.666, на починати е 8.362, а на активни случаи изнесува 18.909.
OhridNews











