33. Охридски староградски средби ќе се одржат во петок. Охридски староградски средби е фестивал на староградскиот мелос во организација на Национална установа Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид.

Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови. Со обновување на Фестивалот продолжува животот на постојните состави што го негуваат стариот градски мелос и отворена е можноста за формирање нови групи и ансамбли, велат организаторите.

Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура и пријатели на фестивалот.

Фестивалот го организира НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид на отворено, пред платото на Центарот за култура со почеток 19.00 часот, а влезот е слободен. Настанот ќе се одржи согласно здравствените препораки и протоколи за организација на јавни настани за заштита од Корона вирусот.

OhridNews