4 321 лице помалку живее во Охрид споредбено со резултатите од пописот во 2002 година кога бројот на вкупно запишани граѓани на Охрид изнесувал 55 749, додека според пописот од 2021 година нивниот број изнесува 51 428. Во однос, пак, на возрасната граница најбројно е населeнието во категоријата од 60-64 години.

Во однос на бројот на домаќинства споредбено во пописот во 2002 година се внесени 16 012, додека во 2021 година се внесени 18 368 што е за 2 365 повеќе. Во однос на попишувањето на станови во 2002 година во податоците се внесени 28 437, додека во 2021 година се внесени 33 660.

Податоци од Попис 2021 година

Што се однесува до старосната граница на евидентирано население во пописот од 2021 година најголем број на население од женски пол е во возрасната група од 60-64 односно 2 021 лице, а веднаш зад оваа е возрасната група од 65-69 години односно 1 974.

Во однос на пописот од 2002 година најбројна тогаш била возрасната група од 20-24 години, односно 2 276 лица, за разлика од 2021 година кога оваа возрасната категорија брои 1 270 лица.

Во однос на машкиот пол според старосната категорија од пописот од 2021 година, исто како и кај женската популација, најбројни се во возрасната група од 60-64 години односно 1 908.

За разлика од пописот во 2002 година кога најбројна група била на возраст од 40-44 години односно 2 249 лица, по што следи возрасната категорија од 45-49.

Во однос на етничката припадност во 2002 година во Охрид 47 344 лица се изјасниле дека се Македонци, 2 962 Албанци, 2 268 Турци, 69 Роми, 323 Власи, 366 Срби, 29 Бошњаци и 2 388 во категорија останати.

Споредбено со 2021 година кога 40 488 се изјасниле според етичката припадност Македонци, 1942 Албанци, 1831  Турци, 232 Роми, 314 се изјасниле како Власи, 281 Срби, 23 Бошњаци, додека во категоријата Други неспоменати наведени се 2008 лица, не се изјасниле 13, во категоријата непознато внесени се 7 лица и 4289 лица се во категоријата -Лица за кои податоците се превземени податоци од административни извори.

Н.С.Ј
извор. ДЗС