Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишен охриѓанец.
– Пријавениот, казненото дело го сторил на шести минатиот месец, во семејниот стан во кој живее заедно со неговиот 68 годишен татко. Во момент на караница и агресивно однесување,пријавениот,загрозувајќи го животот и сигурноста на неговиот татко, извадил алишта од плакарот,ги ставил сред соба и ги запалил. Потоа почнал да фрла разни предмети од покуќнината,скршил две прозорски стакла,при тоа упатувајќи сериозни закани по животот на својот родител, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Пријавениот е познат на службата, против кого по слични и други основи, досега биле поднесувани повеќе кривични пријави.












