На магистралниот пат Кичево-Охрид, вчера, излетало од патот товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 44-годишен скопјанец.

Возачот во сообраќајната незгода се здобил со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид.

OhridNews