Меѓународниот ден на лицата со даунов синдром, 21 ви март, во Охрид ќе биде одбележан со промоција на најновиот број на списанието „Лице в Лице“ и средба со Игорче, лице од маргините кое успешно се интегрира во заедницата.

Овој настан е со цел да ја подигнеме свесноста за лицата со даунов синдром и да помогнеме во поддршката за нивна квалитетна интеграција во општеството. На настанот, ќе имате прилика да се запознаете и со Игорче, некогаш штитеник на Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии – ПОРАКА НОВА од Струга, а денес продавач на списанието, кој ги руши сите рекорди на продажба. После успешното интегрирање во својата потесна заедница, во Охрид и Струга, каде веќе 7ма година го дистрибуира списанието до своите редовни купувачи, Игорче е спремен да ги освои и срцата на охриѓани и да им го доближи пристапот до уличното списание „Лице в Лице“, кое е лидер во борбата за работна интеграција на маргинализирани лица и светол пример за развојот на социјалното претприемништво кај нас. – истакнуват од „Порака Нова“.

Искоритете ја паузата за кафе, за да ја чуете успешната приказна на Игорче, приказна која може да биде реалност и за други лица од маргините. Со купување на списанието „Лице в лице” им помагате на многумина, порачуваат од „Порака Нова“.

OhridNews