Општина Охрид традиционално и годинава ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 500 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на  улиците: „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“ и „Кленоец“.

Акцијата ќе се реализира на 6 и 7 јуни( вторник и среда) 2017г.

Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за  жардиниери со  цвеќе истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП Комуналец на  6 и 7 јуни (вторник и среда)  2017 г. од 9 до 13 часот, а со себе да носат документи за лична идентификација на кои ќе биде видлива адресата на живеење.