Во последните 24 часа се направени 1279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 66, Куманово 13, Штип 13, Прилеп 2, Тетово 20, Струга 7, Битола 1, Охрид 7, Крива Паланка 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Свети Николе 3, Кичево 6, Ресен 12.
Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје 47, Штип 13, Прилеп 1, Тетово 3, Струга 2, Велес 1, Охрид 3, Кавадарци 1, Гевгелија 2, Кочани 1, Пробиштип 1.

Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5595, бројката на оздравени пациенти е 2166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3164.

OhridNews