Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 75-годишно лице од струшкото село Делогожда.
– Пријавениот, казненото дело го сторил на втори мај оваа година во 18 часот и 30 минути во дворот од семејната куќа во селото Делогожда. Тука настанала расправија со неговата снааа од брат поврзана со имотно правни недоразбирања. Видно револтиран пријавениот започнал со карање и викање на висок тон, потоа со вербални навреди, а по кратко време ја нападнал снаата со метална шипка и ја влечел за коса, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Натамошниот тек на неговото агресивно однесување бил спречен од страна на членови од семејството кои оштетената ја однеле во Општата болница во Струга.
OhridNews












