Денес, околу 05.15 часот во селото Ваксинце, општина Липково, приведено е 50-годишно лице поради тоа што при претрес во објект во негова сопственост во селото, извршен од полициски службеници на СВР Куманово и СВР Тетово во содејство со Единицата за специјални задачи, врз основа на судска наредба и претходни сознанија дека таму има мигранти, пронашле 81 мигранти. Од нив 19 се малолетни лица, сите од земјите од Блискиот Исток. Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар Табановце.

По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

OhridNews