Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава полицијата регистрирала 845 прекршоци за неносење лична заштита на лице.

На територијата што ја покрива СВР Охрид, полициските службеници констатирале 122 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-75, Струга-21, Кичево-23, Дебар-03). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид – 19.

Во истиот период на 217 лицa им се издадени решенија за изолација, а 63 лицa потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека три лица не ја почитувале мерката за изолација, информира МВР.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 278 лице (Охрид-131, Струга-114, Кичево-33). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 166 контроли (Охрид-102, Струга-46, Кичево-18). Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 146 лице (Охрид-24, Струга-58, Кичево-17, Дебар-47). Врз овие лица, извршени се 101 контроли (Охрид-24, Струга-13, Кичево-17, Дебар-47).

 

OhridNews