На 9-ти јуни се одбележува Меѓународниот ден на архивите. На годишното генерално собрание на Меѓународниот архивски совет (МАС) во Квебек ноември 2007 година, членовите на МАС кои имаа право за гласање одлучија дека токму денот кога беше основан Меѓународниот архивски совет (МАС) во рамките на УНЕСКО , Париз во 1948 година треба да се слави како Меѓународен ден на Архивите.
Државниот архив на Македонија и подрачната единица Охрид се приклучува кон чествување на овој датум.
„Архивот е институција од посебно значење за Република Македонија. Институција која се грижи за културните пишани добра на Република Македонија. Во својата дејност Архивот врши голем дел на дејствија се со цел заштита на архивскиот материјал, средување и обработка, истражување, користење и публикување на архивски материјал. Архивот преставува своевидна ризнаци на севкупното пишано богаство и затоа деновите како денешниот 9ти јуни Меѓународен ден на Архивите и 1 април Ден на Државниот архив на Република македонија се од посебно значење како за архивистите така и за корисниците на архивскиот материјал.- вели во изјава по повод Меѓународниот ден на архивите м-р Никола Митровиќ, од подраќната единица на Државниот архив во Охрид.
Исто Државниот Архив на Република Македонија 1 април го слави како ден на Државниот Архив поради тоа што токму на тој датум 1951 година започнал со својата дејност.
Синоќа во 23:03 часот во СВР Охрид, 60-годишен охриѓанец пријавил дека на ул„Марко Нестороски“ во Охрид, бил физички нападнат од едно лице кое излегло од возило „BMW“ со струшки регистарски ознаки ...
Од денеска во Македонија е во сила зимското, односно стандардното сметање на времето Ноќеска во 3 часот стрелките на часовниците беа вратени еден час наназад, на 2 часот, со што заврши летното смет...
Времето денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Максималната...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.