На денешен ден во 1014 година во Преспа умре македонскиот цар Самуил.

Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, што се водеше меѓу македонскиот цар Самуил и византискиот цар Василиј Втори, војската на цар Самуил беше целосно поразена, а тој се спаси со бегство.

По битката, византискиот цар Василиј Втори наредил да се ослепат околу 15.000 Самуилови војници, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите. Така ослепените војници биле испратени кај цар Самуил. Од глетката што ја видел, Самуил умрел од срцев удар.

Самоил за време на своето владеење ја изградил цитаделата во Охрид, врз темелите на тврдини од античко време. За цар Самоил е врзана и легендата за името на Охрид. Имено кога царот еднаш се искачувал пеш по калето од умор воздишнал „ох-рид“ по што градот го добил името Охрид.

Самуил го наследил неговиот син Гаврило Радомир. Самуиловата држава постоеше 38 години, од 976 година, па до смртта на Гаврило Радомир, во 1018 година.