Младоста против искуството. Гацов против Лазоvски. Фрај и Стојаноски против Петровски и Тачи.

Предноста на домашен терен и френетичната публика се најголемиот плус, но младоста и притисокот се најголемиот противник. Охридскиот АМАК СП за прв пат од своето постоење ќе ја почуствува жештина, тензијата но и привлечноста да се биде дел од разигрувањето за титулата.

Него паметат по добро охриѓани последниот меч со МЗТ во Билјанини, тим кој е единстевниот кој успеа да ги порази “езерџиите“ на два пати во втората фаза.
недостигот на мотив, падот на концентрацијата беа клучни за тој пораз,

 – Ние нема што да загубиме во плеј-офот– вели за ohridnews Игор Гацов. Ќе биде тежок меч пред се поради психолошката бариера, ако ја разбиеме и одиграме онака како знаеме нема од што да се плашиме.

Без предност ќе влезат  двата тима во серијата подобар од три. Нападот како и вообичаено ќе биде главното оружје на Гацов. Охридскиот напад ќе го предводат најдбриот стрелец во лигата Џарид Фрај како и младинскиот репрезентатвице Војдан Стојаноски. Нема посебно да ce затвара никој од скопскиот тим, а Гaцов вели дека најмногу стравува од триото Петровски – Тачи – Живковиќ.

Ќе играме борбено пожртвувано. Знаеме од каде доаѓа најголемата опасност, кога се работи за МЗТ, но, сепак нема да ги покриваме само Тачи и Петровски. Ќе играме цврста одбрана, каде ќе ги покриваме сите играчи – завршува Гацов

Натпреварот се игра со почеток во 18 часот во Спортската сала „Билјанини Извори“ (МТВ пренос).

Судии се: Југослав Диковски, Александар Милојевиќ и Игор Митровски.

Делегат е Ставре Ѓина.

M.П