Од сабота 27 јуни, најголемиот автопревозник кај нас, АД „Галеб“, повторно ја воведува меѓународната автобуска линија од Македонија до Германија (Нинберг), со враќање кон земјава во среда 1 јули.

Понатаму линијата ќе се одржува со редовен распоред, со поаѓање секоја среда и сабота од Македонија и враќање исто така секоја среда и сабота од Германија. – информираат од АД „Галеб“.

Исто така, повторно ќе функционира и секојдневната линија Охрид – Белград, со прво тргнување на 28 јуни од Македонија, а на 29 јуни, понеделник, од Србија.

Покрај овие линии, од недела, 29 јуни, АД „Галеб“ ги враќа и линиите 17:45 од Охрид за Скопје преку Кичево (враќанје во 06:00) и линијата Охрид – Скопје преку Битола со тргнување во 15:30 часот од Охрид, а 06:00 од Скопје.

Овие линии беа во прекин поради актуелната здравствена криза предизвикана од коронавирусот Ковид 19.

OhridNews