Слободан Агоч, се приклучи на Амак СП на неполна недела дена пред стартот на сезоната. Српскиот интернеционалец лесно се вклопи во новата средина каде полека полека станува еден од носечките столбови во играта на Марјан Лазовски.
– Немав проблеми со адпатацијата овде, претходно работев со Марјан, знам што сака од играчите. Исто така одлично бев примен во средината и одлично се чуствувам.
Агоч на мечевите со словенечкиот Лашко ги одигра без малку сите осумдесет минути, притоа забележителна улога одигра во вториот натпревар во Словенија каде реализира (11 п , 6 ск и 2 асс).
Фаворитската улога Агоч ја препушта на холанѓаните, а како главна причина за тоа го наведува акумулираното искуство во евронатпреварувањата.
– Ајфел Тауерс се фаворити во утрешниот натпревар, но ние не одиме во Холандија со бело знаме. Елиминацијата на Златорот Лашко ќе им ги отвори очите на противникот, и сега посериозно ќе ни пристапат. Тие во својот состав имаат неколку американци кои сигурно ќе се обидуваат да ја забрзаат играта. Ние не треба да ја прифатиме нивната бркотница и ќе се обидеме што е можно повеќе да ја забавиме играта. Ако влеземе во нивниот ритам, тоа ќе биде погубно за нас – вели Агоч.
Охриѓани од саботата се во Холандија каде ќе одржат серија тренинзи со цел да ја темпираат формата. Првиот натпреварот од второто коло од Фиба Евро Челинџ купот Ајфел Таурес – Амак СП се игра во вторник во 20 часот.
Света Троица 2021 продолжува со добрите настапи во Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, откако на гостувањето во Кичево славеше над Напредок 1928 со 2:1 До важните три бода, Света Троица с...
ГРК Охрид убедливо го совлада Спор Тото и во реванш натпреварот од второто коло на ЕХФ Европскиот куп и сигурно го продолжува патот во одбрана на европската титула „Гладијаторите“ вечерва во „Билја...
Охрид Лихнидос го доби дербито на врвот во Втората македонска фудбалска лига, совладувајќи го Работнички со 1:0 Стрелец на единствениот гол беше Матески, кој во 53 минута донесе голема победа за ох...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.