Доколку политичките партии сериозно мислат дека е потребен еден нов политички договор во Македонија, тогаш јас мислам дека оваа игра е премногу ризична и лоша игра.-изјави лидерот на ДУИ, Али Ахметио во интервју за радиото „Слободна Европа“.
– Па сега сосема е природно опозицијата да ја критикува власта и со тоа да изразува незадоволство. ДУИ влезе во Владата со јасна програма за да ја водат државата со ВМРО-ДПМНЕ. Се работи за многу транспарентна програма, почнувајќи од најважните прашања за Албанците, се однесуваат на барањата кои произлегуваат од рамковниот договор, се до поделбата на буџетот на државата. Јас ќе земам само еден пример, бидејќи ни се случува често пати да слушам од моите политички опоненти дека материјалните средства не се распределуваат подеднакво меѓу Албанците и Македонците и јас во оваа насока мислам дека има простор за разговор, има простор за дискусија, но воопшто не се согласувам дека нема никави инвестиции во делот каде што мнозинството се Албанци.
На пример, ќе земам два моменти кои се многу значајни за Албанците. Се работи за инвестиции кои се направени во Универзитетската клиника во Тетово, се работи за инвестиција која е 10 милиони евра во склоп на Државниот тетовски универзитет и други 10 милиони евра кои минатата година се инвестирани за изградба на неколку училишта.
Што се однесува на вашето конкретно прашање и инвестициите што се поврзани со Скопје 2014 – овој проблем го наследивме од минатата власт и ние со нашите можности се стремевме да го промениме концептот, на овој проект кој што го наследивме. За поздравување е одлуката на општина Центар да се постават уште три споменици на тројца видни албански дејци како што Пјетр Богдани, Јосиф Багери, и Неџат Аголи, како и проектот за изградба на плоштадот Скендер бег, кој што е многу добар проект. Се работи за проекти кои се опфатени во програмата на ДУИ. Е сега ако ме прашувате дали сум задоволен, нормално, останува уште многу работи да се направат, не може да претендираме дека се’ се реализира, и дека сите работи се завршени, бидејќи има уште многу работи кои што чекаат да се завршат, но сепак јас ќе заклучам дека работатите се движеле во позитивна насока, но не до одлична точка. – рече Ахмети.
Партијата на Ахмети синоѓа во Струга одржа предизборен митинг на кој беа претставени кандидатите за пратеници од петтата изборна единица, како и еден член, кој од пред неколку дена преминал во редовите на ДУИ од ПЕИ.










