Прекрасната изведба на театарските групи на Црвен крст Крагујевац и Црвен крст Ужице го одбележаа вториот ден од Аматерскиот Младински Театарски Фестивал  „ Вдиши театар”.

Во исполнетата мала сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ младите крагуевчани на креативен начин со претставата „ Бран“ испратија силна порака за опасноста од трговијата со луѓе и како да се заштитат младите.

Актерите од Ужице со претставата „ Дивиот запад“ на духовит начин  ја пренесоа сликата за животот на младите во Западна Србија, иронијата за малиот град, малите луѓе и “големата, светла иднина”…

Денес на третиот ден на Аматерскиот Младински Театарски Фестивал свој настап на малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе има театарската група од охридскиот ЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ со претставата „ Вртимушка“.

Почетокот е во 16 часот, влезот е слободен.

OhridNews