Од МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид информираат дека во текот на вчерашниот ден се спровела активност со цел навремено, поквалитетно и безбедно водоснабдување, како и за избегнување на потешки дефекти во претстојната сезона. Имено, екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид извршија измивање на резервоарите Кале и Студенчишта и измивање на сите водоводни линии на Град Охрид и околните населени места, чии водоводи се под надлежност на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид.

Покрај ова санирани се и заменети голем број вентили од поголеми профили. Санација на вентили извршена е на Бул.Туристичка, 15-ти Корпус, Стив Наумов, Димитар Влахов, населбата Рача, Варош, населба Исток, Мак.Просветители, Крали Марко и Абас Емин. Монтирање на нови вентили е извршено на Бул.Туристичка, Градски Пазар, Железинчка и Абас Емин, нас. Исток.

Од претпријатието додаваат дека прекинот на водоснабдувањето бил искористен и за спроведување на тековни активности како промени и санации на вентили и водомерни броила на индивидуални потрошувачи и правни лица, како и санација на водоводни линии во непристапни терени кои екипите навремено ги санирале.

OhridNews