Изградбата на првата фаза од колекторскиот систем на албанска страна од Охридското Езеро што беше најавуван со години ќе отпочне на 15 јануари 2007 година. Ова на македонскиот министер за животна средина Имер Алиу му го соопштил албанскиот колега Љуфтер Џувели на состанокот на мешовитиот Македонско – албанскиот Комитет за заштита на сливот на Охридското Езеро што денеска се одржа во Поградец, Албанија.



На состанокот како што ни изјави државниот секретар во Министерството за животна средина и простотно планирање, Дејан Паноски, биле договорени и конкретни активности околу заштитата на охридската пастрмка, кои наскоро ќе им бидат предложени на двете влади.

 

На средбата станало збор и за заеднички мониторинг на Преспанското и Охридското Езеро, како и за насционалната иницијатива за прогласување на албанскиот дел од Охридското Езеро за природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО.

Следниот состанок на мешовитиот Македонско – албанскиот Комитет за заштита на сливот на Охридското Езеро ќе се одржи во март или април во Охрид.