Во ритам среда – сабота продолжуваат натпреварите во кошаркарската супер лига. Освојувачот на купот Амак СП во последното коло претпре пораз во Св Николе, прикажувајќи една од најслабите партии сезонава.
– Одигравме далеку под своите можности и сосема заслужено бевме поразени,  таков однос према настап, према натпревар не смее да ни се случи.  Имавме состанок на кој разговарав со играчите и мислам дека тоа нема да се повтори  – вели Лазовски

Охриѓани вториот круг од суперлигата го започнуваат во Битола против Пелситер. Традицијата вели дека езерџиите досега не се радувале во Битола. Првиот натпревар беше возбудлив а го добија битолчани по две продолженија.По трите одиграни натпревари охриѓани имаат 2-1 предност во меѓусебните пресметки.

– Традицииите се тука да се срушат. Во Битола добро одигравме и очекувам далеку поангажирана игра од онаа против Овче Поле. Победникот од овај дуел ќе заврши на третото место, ни сме поквалитетна екипа и нашите шанси се раеални како победници да се вратиме од Битола – смета Лазовски

Во Амак се`уште не размислуваат да одберат противник во четврт финалето, туку нивна цел е да за зваршат што повисоко на табелата.

– Ние не калкулирме со местата, наша желба е да се најдеме што повиоско на табелата и  да бидеме трети. Без разлика кој ќе биде шести наша цел е да влеземе во полуфинале и подготвени да се надигруваме за трофејот. Не е важно дали тое ќе биде Фени или Работнички, мора да се победат за да се освои титула – завршува Лазвоски.

За натпреварот во салата “Младост“ Лазовски ќе може да смета на повратникот Војдан Стојаноски , додека Дамјан со спецеијална маска ќе го игра мечот. Високото крило Мирослав Чубрило се уште не е залечен од сообрќајката а се очекува неделава да пристигне во Охрид.