Кошаркарите на АМАК СП со пораз ја отворија плеј-оф серијата од разигрувањето за титулата. Синоќа во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, АМАК загуби дома од тимот на МЗТ Фон со 86:90.


АМАК забележа пораз на стартот од плеј-офот

МЗТ по втор пат го поразува АМАК во „Билјанини извори“ оваа година, а во вториот дел од првенството скопјани славеа и на свој паркет во салата „Јане Сандански.

Следниот натпревар од разигрувањето се игра во среда. Слават ли скопјани ќе се пласираат во полуфиналето, во спротивно ќе се игра мајсторка.

ohridnews