Кардиналот Роберт Превост, американски мисионер кој својата кариера ја помина служејќи во Перу и ја предводи моќната бискупска канцеларија на Ватикан, беше избран за првиот американски папа во 2.000-годишната историја на Католичката црква. Превост (69) го зел името Лав Четиринаесетти, пишува СДК.
Бел чад се излеа од оџакот на Систинската капела денеска во 18:07 часот, сигнализирајќи дека е избран понтиф да раководи со Католичката црква. Новиот папа, кој го наследи Фрањо кој почина минатиот месец, е избран на првиот цел ден од гласањето на 133-те кардинали-електори, кои од вчера попладне се затскрија зад средновековните ѕидини на Ватикан.
Повеќе на следниот линк.
OhridNews