Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, денеска најверојатно ќе биде вратена во притвор. Пред четири дена, Јанева, беше пренесена во клиниката Жан Митрев поради висок крвен притисок и влошена општа здравствена состојба.

Во текот на оваа недела треба да биде донесена одлуката за нејзиното барање за замена на притворот, за што е понудена гаранција од три стана.