Со оглед на ситуацијата со руско-украинската криза годинава се очекува многу малку руски туристи да ја постат државата. Но, според нашите анализи од Киев и Москва процентот на туристи е мал, така што ова нема генерално да влијае на нашата дестинација вели директорот на АППТ, Љупчо Јаневски.

Во 2021 и 2020 година за првпат започнаа чартер и редовните линиии кон Киев и кон Москва, после одприлика 20-тина година. Во нашето портфолио и бројот на туристи од тие дестинации беше помеѓу 1,5 и 2%. Во 2022 година освен тоа што ќе имаме многу помал број од тие дестинации, генерално нема многу да влијаат врз нашата дестинација, бидејќи скокот се очекува да биде помеѓу 30-50%, а одреден број на други дестинации ќе исервисираат многу повеќе туристи, додава Јаневски.

Се надеваме, вели Јаневски, дека годините како што се 2023 и понатаму не само кон тие две дестинации ќе имаме и поголем број на чартер летови, но и редовни линии со други тур оператори кои ќе ги сервисираат Охрид и Скопје.

Во однос на визниот режим, со оглед на тоа дека Македонија од 15 март ги врати визите за руските туристи, Јаневски потенцира дека слободното патување е многу важно за развој на туризмот.

Според мене туризмот не познава граници, познава дестинации и слободното патување на сите туристи е многу важно. Всушност се надевам дека ќе се изнајде решение за било која дестинација и веќе во 2022 година ќе имаме многу повеќе туристи од други дестинации. Ако говориме за азиските туристи се надевам дека како и што беше најавено кинеските визи ќе бидат туристички, додава Јаневски.

Н.С.Ј.