Во организација на Центарот за културен проток “Артерија”, во петок на 30-ти Мај, во Галерија и Музеј “Робевци” со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики ” Angels, Animals and Humans” од Стефанија Петровска.

Стефанија Петровска е родена 1983 год. во Кавадарци. Во 2005 год. завршува во универзитетот “Св.Кирил и Методи” во Велико Трново – Бугарија , педагошки одсек, специјалност – скулптура. Зад неа се бројни самостојни изложби.  Член е на ДЛУК И ДЛУШ. Како член на ДЛУК, има учествувано на групна изложба во Париз, Франција. Има учествувано на повеќе ликовни колонии и студентски изложби во повеќе локации во Србија, Бугарија и Македонија.

Изложбата на дела од Петровска ќе трае две недели.

OhridNews