Фудбалската репрезентација на Англија го освои третото место на Светското првенство 2026, откако во натпревар исполнет со голови ја совлада Франција со 6:4. Херој на „трите лава“ беше Букајо Сака со хет-трик, а во листата на стрелците се запишаа и Деклан Рајс, Езри Конса и Џуд Белингем.

За Франција два гола постигна Килијан Мбапе, кој со тоа стана водечки стрелец на првентството и најдобар стрелец во историјата на светските првенства, но не успеа да ја спречи победата на Англичаните.

Светското првенство ќе биде затворено вечерва со големото финале во кое за трофејот ќе се борат актуелниот светски првак Аргентина и европскиот шампион Шпанија.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Мет Лајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси со почеток во 21 часот.

OhridNews
Фото: ФИФА/Х