Ковид, економска, енергетска, безбедносна… криза. Случувањата последните години го стопија оптимизмот на граѓаните кои не гледаат многу оптимистички ниту на 2023 која штотуку започна.

Тоа го потврдуваат и резултатите од анкетата што за свои потреби ја спроведе OhridNews. На прашањето „Што очекувате од 2023?“ – мнозинството учесници во анкетата, 40 отсто, одговориле дека не очекуваат ништо посебно, 27 отсто сметаат дека 2023 ќе биде полоша од претходната, а процент помалку се оптимисти дека ќе биде подобра. Седум отсто, пак, сметаат дека годинава ќе биде иста како минатата.

Своето незадоволство од состојбите во општеството граѓаните отворено го искажуваат на социјалните мрежи каде, за жал, често преовладува негативизам, а сведоци сме и на говор кој ја поминува линијата на пристојност. Но, 2023 само што почна, остануваат единаесет месеци во кои неопходен ни е малку повеќе оптимизам, а многу повеќе работа тој да се оствари.

Г. Момироски
Фото: freepik.com

Следна анкета: Дали политичарите од Македонија и Бугарија придонесуваат за подобрување на односите помеѓу двете земји?