Продолжува несфатливото и деструктивно однесување на поедини граѓани. На мета овој пат се најде армирано-бетонска фонтана во близина на музичкото училиште. Очигледно ниту цврстиот материјал не бил пречка овиe анти херои да се справат со „предизвикот“.
Фонтаната кај музичкото е последна во низата јавни добра кои се уништуваат во градот. Деструктивците кии најчесто минуваат неказнети за ваквите дела, не ги поштедија ниту клупите на кејот, справите за вежбање поставени на отворено, канделабрите, корпите за ѓубре…
OhridNews












