Државната комисија за спречување на корупцијата информира дека политичките партии кои учествуваат во предвремените парламентарни избори, се должни во законскиот рок кој истекува за три дена да поднесат извештаи за финансирање на кампањите кои ги водат.
Ги потсетуваме организаторите на изборните кампањи, дека согласно Изборниот законик, веќе во четврток, на 26. мај имаат обврска, до ДКСК да ги достават Извештаите за состојбата на сметкаата од која се финансира изборната кампања, со сите приливи, расходи и моментна состојба.-изјави денеска на прес конференција Воислав Зафировски – претседател на Антикорупциската комисија.
ДКСК упати апел до организаторите на кампањите да ја испочитуваат својата законска обврска, во спротивно тие ќе мора да докажуваат пред судските органи зошто не ја исполниле својата законска обврска.










