Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го осуди националистичкиот испад на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ, после постигнатиот гол на вчерашниот натпревар со Македонија упатени кон македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски. ФФМ случајот го пријави во УЕФА.

Како “Куќа на фудбалот” секогаш сме против национализам, дискриминација и сите други форми на навреди и испади кои не се во духот на фудбалот и вредностите за кои сите заедно се залагаме. Секогаш ќе застанеме и ќе ги браниме интересите и достоинството на македонските репрезентативци каде и да настапуваат, – стои во соопштението од ФФМ.

Арнаутовиќ, пак, преку социјалните мрежи се извини, употребувајќи зборови на повеќе јазици.

Се радував и секако дека паднаа некои зборови кои ме заболеа. Тоа беше емоционална расправија. Можам да им кажам дека ми е жал на сите оние кои почувствуваа дека се навредени. Сакам да го заборавиме тоа што се счучи, на такви работи не им е местото во фудбалот, – напиша австрискиот репрезентативец.

Натпреварот заврши со 3-1 во корист на Австрија. Македонија нова шанса за први бодови ќе има во дуелот со Украина.

 

OhridNews