Обрачот околу Зоран Заев и СДСМ се затега околу случајот Рекет се повеќе се затега. Информациите за записникот и исказот на оштетениот во случајот РЕКЕТ кои што излегоа во медиумите вчера, а потврдени од обвинителот за еден новинар и потврдени од Јавното обвинителство, ги отворија сите картите како се одвивал целиот Рекет на бизнисмени и политичари во Република Македонија. Ова денеска на прес конференција го изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека Зоран Заев знаел за случајот Рекет и не само што знаел, туку и позадински го водел и управувал целиот Рекет, како да се одвива и ги полнел со информации оние кои што биле негови извршители. Ова е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го говори веќе подолго време. Зоран Заев е главата на криминалниот октопод на оваа Влада и Зоран Заев е ништо повеќе од еден обичен аболициран криминалец. Зоран Заев не само што не го пријавил случајот Рекет, туку како што видовме од записникот и го опструирал. – рече Арсовски.

Арсовски го обвини Заев дека кога дознал дека оштетениот го пријавил случајот, ги предупредил извршителите на рекетот, неговите извршители да прекинат комуникација со оштетениот бизнисмен.

Дали Зоран Заев лажеше дека се сретнал со второосомничениот и дали Зоран Заев ги предупредил извршителите да се повлечат и да ја прекинат комуникација со семејството на оштетениот?

Колку од парите кои што се земени од рекетот во Луј Витон ташна завршиле кај Зоран Заев? – праша Арсовски.

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ речес дека криминалниот октоподот е многу поголем од што изгледа. Вмешани се политичари, обвинители, судии, адвокати, вработени во телевизијата на Бојан 13, членовите на меѓународниот сојуз и многу други, додаде тој.

Зошто се уште синот на Катица Јанева, Лазар Јанев не е притворен? Зошто се уште не е притворен главниот соучесник на Боки 13 и Катица Јанева кој рекетирал фирми под превез на реклами за телевизијата во која работел? Зошто се уште не е повикан ниту на распит синот на Катица Јанева кој на состаноците со бизнисмените, замислете настапувал со фразата: Знаеш ли чив син сум јас? Епа еве, видовме дека си син на криминалец, а обвинителството да не чека и да го повика уште веднаш да даде исказ. – истакна Арсовски.

OhridNews