Заврши асфалтирањето на патот кој води до црквата „Свети Наум“ во село Орман, информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

По долгогодишното очекување, жителите на Орман, како и сите верници и посетители на црквата, конечно добиваат уреден и пристапен пат, вели Пецков.

Средствата за реализација на проектот, посочува, се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.

Воедно, потенцира дека продолжува реализацијата на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот и обезбедување рамномерен развој во сите населени места во општината.

OhridNews