На магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на аеродромот, вчера утрото во 07.15 часот се случила сообраќајна незгода во која учествувал патнички автомобил  марка Ауди А8 со тетовски регистарски ознаки, информираат од СВР Охрид.

  • Сообраќајната незгода е случена во момент кога 52-годишниот возач на автомобилот, движејќи се во насока од Кичево кон Охрид, изгубил контрола врз возилото и излетал на десната страна надвор од патот, по што со предниот дел удрил во бетонски испуст за вода, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во сообраќајната незгода нема повредени лица, а причинета е материјална штета. По овластување на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода извршен е увид.

OhridNews