Публиката со долг аплауз ги испрати од сцената актерите на Народниот театар од Охрид, Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски, кои синоќа на извонреден начин ја изнесоа претставата „Емигранти“, која премиерно беше прикажана пред љубителите на театарот.

„Емигранти“ е приказна за човекот заглавен во сопствениот апсурд. Работена е по текст на Славомир Мрожек, кој исклучително добро го постави младата режисерка Ирена Стеријовска. Покрај Никола и Стрезо, во претставата која беше изведена во подрумските простории на Центарот за култура уште играа и Билјана и Андријана Билаловиќ.

Претставата беше следена од внимателно одбрана музика која ја компонираа Ѓоко Алоски и Стрезо Стаматоски, сценографијата е на Владимр Ѓорески – Рафик, а за костимите се погрижи Кристина Мукоска Затуроска.

„Емигранти“ е четврта премиера на Охридскиот народен театар кој за година и половина од постоењето постави високи стандарди и понуди нов културен квалитет во Охрид.

OhridNews