Кошаркарките на Бадел 1862 со убедлив триумф 58:46 синоќа во Скопје против Партизан го потврдија историскиот успех во Јадранската лига и пласманот меѓу осумте најдобри екипи во регионалното натпреварување.

Избраничките на тренерот Перо Стамески во продолжението заиграа уште подобро и во третиот дел од играта му дозволија на противникот да постигне само шест поени Постигнаа двојно повеќе, 13, и стигнаа до недостижна предност (47:30).
Кметовска оствари дабл-дабл ефект од 20 поени и 10 скокови, а двоен ефект имаше и Нена Трајчевска преку 16 поени и 13 скокови, додавајќи и четири асистенции.
Во Суперлигата, која стартува по новата година, кошаркарките на Бадел 1862 ќе играат уште осум натпревари против екипите на Будуќност Бемакс, Орлови, Војводина 021 и Триглав, кои беа најдобри во групата „А“ во која настапуваше вториот македонски претставник – Баскет Кам 2011.
OhridNews












