Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, денеска oстварил официјална средба со Гордон Бродбери градоначалник на Волонгог, Австралија, кој е во тридневна посета на Охрид. На средбата заеднички било оценето дека има многу неискористени можности за продлабочување на соработката меѓу двата града кои се збратимени во 1981 година, информира општинската прес служба.
По презентацијата на Охрид, неговото културно- историско богатство и можностите за развој, особено во областа на туризмот, градоначалникот Бакрачески го запознал гостинот со функционирањето на локалната самоуправа и реализирањето на проектите.
Градоначалникот на Волонгог, Гордан Бродбери, рекол дека уживал во убавините на Охрид и се одушевил од древностите и богатата историја. Додал дека кога ќе се врати во Австралија, ќе се сретне со претставниците на бројната македонската заедница за да ги сподели импресиите од престојот во Охрид.
OhridNews













