Европскиот банкарски пазар се консолидира и малите банки, како тие во Македонија,  ќе треба да внимаваат да не бидат проголтани од големите банки, а за да не им се случи тоа ќе мораат да ги следат технолошките иновации.

Ова беше речено на 4-та банкараска конференција „Нова банкарска визија“, што во организација на Групацијата Пексим, започна денеска во Охрид. На конференцијата учестуваат  претсвници од 40 најголеми банки и компании од Централна Европа, Балканот и Блискиот исток, како и претствници на водечките информатички компании, Микрософт, ИБМ и Сиско.

Банките веќе не можат да се потпрат само на автоматизацијата и потребен им е сосема нов пристап во работењето, доколку сакаат и натаму да опстанат на пазарот, смета Пол Кландилион од ИБМ. Според експертот на Микрософт Денис Вандерлип, новата банкарска визија преставува спој на технологијата и човечките ресурски.

Според банкарските експерти земјите од регионот го следат технолошкиот развој и бележат голем напредок. Во тој поглед Македонија не заостанува многу зад другите земји, вели Славчо Ангеловски заменик директор на Пексим.

На конференцијата беше претставен новиот проузвод на Пексим “revolution”, банкарски софтвер од најновата генерација кој македонската компанија во соработка во Микрософт веќе започна да го продава на банки на блискиот исток.

Г. Момироски