Жителите на населбата „Христо Узунов“ на 17-ти октомври, четврток, ќе одржат протест против поставување на базна станица на телеоператор на покрив на зграда во населбата.

Протестот ќе се одржи во 17.30 часот во населбата “Христо Узунов” .

Според иницијативниот одбор, базната станица, за која инаку компанијата чија сопственост е таа имала соодветна дозвола, е поставена без знаење на жителите од околните објекти, кои, како што се вели во Повикот за протестот, ќе трпат најголема штета.

-Овој процес е сокриен од сите нас во околните станбени објекти кои сме најдиректно изложени на електромагнетското зрачење на базната станица. – стои во повикот за протест на жителите од населбата „Христо Узунов“.

Покрај најавениот протест, жителите од „Христо Узунов“ покренаа и петиција за отстранување на базната станица од нивната населба, која до сега ја потпишале над 800 лица.

Г.М.
фото: илустрација