Во Полициската станица Струга, вчера, било приведено лице од струшкото село Радолишта, во чие возило била пронајдена марихуана.

На местото викано „Радолишка Краста“ полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, што го управувало лицето, при што пронашле и одзеле марихуана. Притоа, тој се обидел да избега, но паднал и се повредил, по што бил приведен.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

OhridNews