Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ  се намалени  за половина денар, а на дизелот и на екстра лесното за 1,5 денари.

Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на МБ-96 од 68 денари за литар се намалува на 67,50 денари за литар, а на БМБ-91 од 64,50 денари за литар на 64 денари за литар.  БМБ-95, наместо по 65 денари за литар ќе се продава за 64,50 денари за литар, а БМБ-98  наместо по 66 денари за литар, за 65,50 денари за литар.

Се намалува и цената на  Д (дизелот) од 52,50 денари за литар на 51,00 денар, исто како и ДИЗЕЛ-Е 3 кој ќе се продава за 51,50 денари, наспроти досегашните 53 денари за литар.

Новата цена на  ЕЛ (екстра лесното)  гориво, кое досега се продаваше по 42,50 денари се литар, ќе изнесува 41 денар. Промена на цените има и кај мазутите, чија цена се намалува за 0,235 денари за килограм.