Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за седум денари, а дизелот за 5,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Дизелот поевтинува за 5,5 денари и ќе се продава по 94,5 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 6,5 денари и ќе биде 103,5 денари за литар.
Поевтинува и цената на мазутот за 6,261 денар по килограм, па новата цена од полноќ ќе биде 49,312 денар.
OhridNews











