Во рамки на проектот за Подобрување на претприемништвото во прекуграничната област Лерин-Охрид-Солун, преку воспоставување на нови претпријатија и подобрување на постоечките, планирано е да се спроведе обука за развој на претприемништвото со цел постигнување на економски развој, самовработување и отварање на нови бизниси.
Предвидената десетдневна обука ќе се одржи во период од 15.07.2017 до 30.07.2017 во Охрид. Обуката е наменета за сите невработени лица, како и млади претприемачи и старт ап компании од Југозападниот регион.
Учесниците треба да бидат од следните сектори: образование, граѓански сектор, приватен сектор, јавен сектор. Обуката ќе биде реализирана од страна на стручни професори и експерти. Заинтересираните своето учество можат да го пријават најдоцна до 12.06.2017(понеделник).
OhridNews












