По повод Светскиот ден на мозочниот удар, во петок, 30 октомври 2026 година, од 10:00 до 13:00 часот, на Одделот за неврологија во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, ќе се одржи отворен настан посветен на превенцијата и подигнувањето на свеста за мозочниот удар.

Настанот е наменет за сите заинтересирани граѓани, особено за лицата кои преживеале мозочен удар, нивните семејства и блиски, како и за сите што се грижат за своето здравје. Придружете ни се, информирајте се и направете важен чекор во грижата за здравјето на вашиот мозок!, порачуваат од Болницата.
OhridNews











