СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52 годишно лице од Охрид и против правно лице кое се занимава со увоз и извоз поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.

Во текот на 2016 и 2017 година на парцела на ул. „Гоце Делчев”  во Охрид, пријавените како сопственици и инвеститори на градба, спротивно на Законот за градење, односно без одобрение за градба издадено од надлежен орган, извршиле надградба на објект, информира МВР.

OhridNews