Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ директорката Христина Трпеска и нејзината колешка, директорката на Градската библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица, Васка Кирова, потпишаа меморандум за соработка.

Целта е двете библиотеки и нивните вработени да разменуваат искуства и да имаат заеднички активности за промоција на културата и уметноста во земјава и надвор од неа. Двете библиотеки ќе ги поддржуваат новите автори, читањето и креативното пишување. Меморандумот опфаќа и заедничка организација на настани, трибини, работилници и изложби, со вклучување лица од различни категории, со цел нивна постепена инклузија. Предвидени се и активности за промоција на културното наследство и зачувување на нематеријалното културно богатство, потенцираат.

OhridNews











