На 02.11.2026 во 17:18 часот во СВР Охрид е пријавено дека во едно основно училиште во Охрид, 24 и 29-годишни жени, двете од Охрид, физички нападнале 37-годишна жена од Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 02.11.2026 во 14:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека пред продажен објект на улица „Партизанска“ во Струга, лице од струшкото село Делогожда физички нападнал 46-годишно лице од село Велешта.

По целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 26 и 32-годишни лица, двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

При претрес во нивниот дом, како и во дворот од соседна куќа, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews