Синоќа во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е 46-годишен охриѓанец.
Тој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Тој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
Исто така ноќеска, во 02.40 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, приведен бил 18-годишник од струшко село.
При извршен преглед кај него пронајдени се и одземени предмети со остатоци од опојна дрога Марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот Димоски.
Синоќа, пак, во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода бил 50-годишен жител на Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.10.2026 година во 10:40 часот, во полициското одделение во струшкото село Велешта е пријавено дека во авто плац во селото, бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од жител на селото врз 76-годишно лице од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews











