На 10.2023 во 01.15 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на улица „Партизанска“ во Охрид, 45-годишен маж од Охрид бил физички нападнат од две лица, исто така од Охрид, информира СВР Охрид.
На 11.10.2023 во 01.40 часот на улица „Димитар Влахов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 29-годишен охриѓанец затоа што кај него, и во неговото патничко возило „опел“, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на настаните, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
На 10.10.2023 во 21.30 часот, кај малолетник од Битола-ученик во средношколски центар во Охрид, пронајдена била марихуана која е одземена од полициски службеници од СВР Охрид.
Тој е повикан во СВР Охрид и во присуство на бранител за малолетници и претставник од средношколскиот центар извршен е разговор со него, соопшти СВР Охрид.
На 11.10.2023 во 09.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека настанал пожар во патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, кое се движело по локален пат во охридската населба Лагадин.
Повредени лица нема, а од извршениот увид констатирано е дека возилото било управувано од сопственикот (52) од охридското село Елшани. Интервенирала територијалната противпожарна единица од Охрид.
Г.М.











