По повод Светскиот ден на срцето, кој секоја година глобално се одбележува на 29-ти септември, а годинава под мотото „DON’T MISS A BEAT”, ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања- Охрид, ја нагласува важноста од континуирана едукација и грижа за срцевото здравје.
Како водечка институција во областа на кадриоваскуларната медицина, нашата примарна цел останува насочена кон подигање на свеста за значењето на раната превенција, дијагностика и третман на овие заболувања, велат од Болницата.
Денешното одбележување, посочуваат, било реализирано во соработка со „Алкалоид“ АД Скопје, преку споделување стручни совети и едукативни материјали со цел подигнување на свеста за зачувување на срцевиот ритам.
Грижата за срцето е секојдневна одговорност кон сопственото здравје!, порачуваат од Кардиолошкиот центар во Охрид.
OhridNews












